Духовниот мир го наоѓа тука: Македонската модна дизјанерка по четврти пат во најпосетуваното светилиште на Балканот -„Чувството е незаменливо“

Добивај вести на Viber

Манастирот Острог, посветен на Свети Василиј Острог, е еден од најпознатите и најпосетуваните на Балканот. Многумина не ја пропуштаат можноста да го посетат ова свето место секогаш кога патувањето ќе ги одведе во Црна Гора. Самиот манастир е сместен во карпа, а патот до него е мал аџилак.

Македонската модна дизајнерка Ива Спасовска изминатиот викенд по четврти пат беше во посета на Острошкиот манастир.

„Мене викендов ми беше четврти пат досега, чувството е незаменливо, благодарна сум што постојат вакви можности“, напиша Спасовска.

Ива на нејзиниот Инстаграм профил преку куси видеа сподели моменти од нејзиното кусо патување на Острог.

Многумина духовниот мир го наоѓаат во ова светилиште кое е најпосетувано на Балканот, но и самата локација на манастирот го прави ова место посебно, дополнително познавајќи ја историјата за создавањето на Острошкиот манастир.

Фото: Инстаграм
РЖМ