Две талентирани Македонки блескаат и на море – Тијана и Сарина пријателството и музиката ги спојуваат и надвор од сцената

Добивај вести на Viber

Македонските уметници Тијана Илoва и Сарина Стојановска уживаат во заслужен одмор во Грција, но и таму музиката е нивна верна придружничка. 


Двете талентирани изведувачки често настапуваат заедно во емисијата „Во мерак меана“, каде што со својата харизма и уметничка енергија ги освојуваат гледачите.

Тијана е препознатлива по својата вештина на тапанот, конгите и кахонот со кој внесува автентичен ритам и македонски дух на сцената, додека Сарина е виолинистка која блеска во светот на класичната музика – опера, балет, симфонија и камерна музика. Таа успева да ја спои својата академска елеганција со народниот темперамент, правејќи ја нивната соработка уште поспецијална.


Иако дојдоа да се релаксираат на морскиот брег, нивното присуство веднаш го привлекува вниманието – две силни, харизматични жени кои градат пријателство и заеднички музички приказни што оставаат трага. Од Грција ни праќаат позитивна енергија и порака дека уметноста е најубава кога се споделува.

  • РЖМ/ИС