
Ана го прослави 35-тиот роденден со најубавиот подарок – ќерката Јоана
Најголемата среќа доаѓа тогаш кога срцето е подготвено да сака без граници. Токму таква среќа доживеа мама Ана, која годинава го одбележа својот 35-ти роденден со најубавото животно изненадување – раѓањето на нејзината ќерка Јоана.
Само два дена пред роденденот, на свет дојде ова прекрасно девојче и донесе бескрајна радост во животот на Ана и Дејан. Топлите зборови и честитките што пристигнаа од пријателите и семејството ја направија прославата уште поспецијална.
„Нека животот на Јоана биде полн со љубов, здравје и среќа, а Ана нека ужива во секој миг од своето ново поглавје како мајка,“ стои во честитките што пристигнуваат од сите страни.
Среќен роденден, Ана!
ФОТО: Аџибадем Систина