Две македонски диви во еден кадар: Лила и Каролина во ултра глам издание

Фотографијата на две македонски диви, предизвика воодушевување кај македонската јавност. Пејачката Каролина Гочева и водителката и инфлуенсерка Лила Филиповска, на една фотографија. Двете се фотографирале заедно на приватен настан, а нивната појава предизвика лавина позитивни реакции на социјалните мрежи.
Облечени во елегантни црни комбинации, Каролина и Лила уште еднаш докажаа дека стилот, харизмата и држењето немаат ништо со годините. Иако едната е во петтата, а другата во шестата деценија од животот, тие изгледаат беспрекорно – полни со самодоверба, грациозност и женственост.
„Што убаво дека ве видов после толку време“, напиша Каролина во коментар.
Посебно внимание привлече високото шлиц на фустанот на Лила, кој ѝ ја нагласува силуетата и само ја надополнува фотографијата која блеска со софистицираност и модна усогласеност. Каролина, пак, со својот препознатлив минималистички, но беспрекорно стил, внесува мир и елеганција во кадарот.
Оваа фотографија – која буквално кажува милион зборови – не само што е доказ за нивната долготрајна кариера и јавна присутност, туку и инспирација за многу жени дека возраста е навистина само бројка. Стилот, харизмата и енергијата – тие или ги имаш, или ги немаш.
Каролина и Лила, две икони на македонската сцена, уште еднаш потсетија зошто се омилени на публиката со години.
РЖМ - Г.Д.ГФото: Инстаграм