Двојна радост во семејството на Сашко Митовски: Игнат и Дамјан слават роденден

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, денеска преку социјалните мрежи сподели радосен момент од својот семеен живот – роденденот на неговите синови Игнат и Дамјан. Со насмевки пред роденденските торти, момчињата го прославија својот посебен ден, а гордиот татко им посака среќа и безгрижно детство.


„Среќен роденден Игнат и Дамјан“ - напиша Митовски под фотографијата на Фејсбук.
За него најголемо богатство е семејството.

„Најголемиот дар од Бога, а и најголемото богатство е семејството и јас сум пресреќен и горд што сум родител на три прекрасни деца, ќерката Ања и синовите Игнат и Дамјан“, кажа Митовски во едно интервју за Женски магазин.

Иако признава дека обврските како градоначалник му одземаат голем дел од времето, тој вели дека секогаш настојува да ја одржи најважната улога – онаа на татко. „Среќен сум во бракот со мојата сопруга Маја што ме направи горд татко на трите прекрасни сонца кои се наша светлина на секој нов ден и се центарот на нашиот свет“, додава тој.

Митовски истакна дека воспитувањето е најголемата животна задача и дека заедно со сопругата се стремат да им ги пренесат на децата вистинските вредности: љубов, почит, толеранција и емпатија. „Се надевам дека успевам и ќе го усвојат тоа што заедно со сопругата ги учиме низ секојдневието, иако родителството е навистина комплексно, особено денес, во ерата на социјалните мрежи“, нагласува тој.

Денот на Игнат и Дамјан е уште една потврда дека, без разлика на функцијата и јавната одговорност, семејството останува најголемиот извор на сила, инспирација и радост.


И.С.