Една слика илјада зборови: Катерина Грујиќ сподели фотографија со својата ќерка Катја, а ОВОЈ детаљ ги воодушеви сите

Добивај вести на Viber

Популарната српска пејачка Катарина Грујиќ, неодамна објави фотографија со ќерка си, Катја, на својот Инстаграм профил.

На фотографијата, Грујиќ сподели емотивни моменти од својот живот како мајка, откривајќи како мајчинството ја променило и инспирирало. На фотографијата која неодамна ја сподели се гледа како среќно и задоволно позира со својата ќерка Катја додека патуваат со автомобил. Многумина прокоментираа дека Катја е облечена по вкусот на мама и дека е вистинска мала принцеза. 

Извор: Инстаграм

Катарина и нејзиниот сопруг, фудбалерот Марко Гобељиќ, во август 2021 година се венчаа, а веќе во декември истата година станаа родители на ќерка им, Катја. 

Извор: Инстаграм

Среќната вест ја објавија на социјалните мрежи, а Кача не криеше радост и благодарност за новата фаза во својот живот.

Мајчинството дефинитивно ја промени, особено затоа што по влегувањето во мирните води со својот сопруг таа се повлече од јавната сцена на неопределено време. 

Со својата публика често споделува моменти од времето поминато со семејството со што покажува колку ужива во својата нова улога и мајчинството. 

М.С.К