(ФОТО) Девојко, се понижуваш: Фотографија од свадба предизвика бура во јавноста

Добивај вести на Viber

Најсреќниот ден на младата брачна двојка се претвори во најлош поради бројните осуди на социјалните мрежи


Млад брачен пар реши да сподели фотографија од нивниот најубав ден на интернет, но наместо да им честитаат, младенците добија коментари за осуда и најгрдо пцуење.

Имено, на фотографијата, младоженецот е во добро расположение, седи во автомобилот до кој невестата клекната ги полира раткапната со работ на нејзината венчаница.

Она што дополнително ги налути корисниците на социјалните мрежи е тоа што на фотографијата се гледа дека младоженецот со прстот покажува кон гумата, за во шала да и покаже на невестата каде добро не ги исчистила раткапните.


„Имаш ли ти грам самодоверба девојко?“, „Еден ден можеби ќе има ќерка која ќе го види ова. Дали е таа свесна за тоа?“, се само дел од коментарите кои ги напишаа корисниците на социјални мрежи под фотографијата.
Една жена напиша дека невестата не е ни свесна колку е тажна оваа фотографија.
Ниту зетот не беше поштеден. Тие го нарекоа „љигле“ и „сексист“.
Секако, имаше и такви кои напишаа дека најверојатно станува збор за шега и тие се најдоа под оган на критичарите.
„Ако двајцата обожаваат автомобили и тоа им носи среќа, не гледам ништо спорно во тоа“ напиша еден млад човек кој веднаш бил навреден.


Како вие ја коментирате оваа фотографија? Пишете ни во коментар.


Фото: reddit.com

Туморот се гледал со голо око: Свадбен фотограф ѝ го спаси животот на невестата