Гламурозна промена: Андријана Петрушoвска со нова фризура која освојува

Добивај вести на Viber

Пејачката Андријана Петрушoвска, која публиката ја запозна преку музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, деновиве направи вистинска промена на својот изглед. Таа реши целосно да ѝ ја довери својата коса на тимот на Studio Fashion VA, каде што талентираниот стилист Војкан Андреевски реализираше впечатлива 3D фризура.


Резултатот е – гламурозна трансформација која целосно го нагласи нејзиниот темперамент и сценска енергија. Долгата, бујна и совршено стилизирана коса ѝ дава дополнителна доза женственост и самодоверба, нешто што веднаш го препознаа и нејзините обожаватели.


Андријана со насмевка истакна дека е „презадоволна од промената“ и дека токму ваквиот изглед совршено ја подготвува за новите професионални предизвици. Низ фотографиите, се гледа сјајот и задоволството од еден модерен, професионален и целосно освежен имиџ.


РЖМ