Голем повод за прослава во домот на Црнокрак: Еве кој дуваше свеќички

Добивај вести на Viber

Поранешниот манекен и сопственик на модното студио „Црнокрак“, Мики прослави роденден.

Мики објави семејна фотографија на која се неговата сопруга Светлана и ќерките Моника и Нина, а пред него роденденската торта со свеќички во бројот 58.

Мики и Светлана важат за најубавиот пар во нашата земја. Иако таа е во петата, а тој во шестата деценија секогаш каде и да се појават го привлекуваат вниманието.

Нивната поголема ќерка Моника, тргна по стапките на нејзините родители, па може да ја видиме во модни едиторијали или на модните писти на модни настани во нашата земја.

Фото: Инстаграм
РЖМ