Горда професорка, среќни студентки: Андријана, Дина и Рената го слават заедничкиот успех

Македонската музичка уметница и професорка на Факултетот за музичка уметност – Скопје, Андријана Јаневска, со гордост го сподели моментот на дипломирање на нејзините студентки Дина Јашари и Рената Кралевска. На својот профил, таа објави заедничка фотографија со двете дипломки и напиша:
„Горда на моите студентки Дина Јашари и Рената Кралевска кои денес дипломираа на ФМУ Скопје.“
Фотографијата и објавата не само што го одбележаа крајот на едно значајно академско поглавје, туку ја потврдија и длабоката врска што се гради меѓу професор и студент кога наставата се води со страст, посветеност и меѓусебна почит. Јаневска, како професорка која зад себе има богато музичко и педагошко искуство, уште еднаш покажа колку е важна улогата на менторот во уметничкото созревање на младите таленти.
Односот професор-студент, особено во сферата на уметноста, не е само академски. Тој подразбира доверба, поддршка, инспирација и заедничко патување низ процесот на креативно оформување. Дипломирањето на Дина и Рената е потврда дека тој однос може да роди плодови кои го надминуваат факултетот – да создаде уметници подготвени за светската сцена.
Дина Јашари – алтернативен глас на новата генерација
Меѓу дипломираните студентки се истакнува Дина Јашари, веќе етаблирано име на алтернативната сцена во Македонија и пошироко на Балканот. Со два авторски албуми зад себе, првиот „Дома“, вториот „Растенија без корен“, таа успеа да го привлече вниманието на публиката и критиката со својата оригиналност, искреност и уникатен музички израз.
Во 2022 година, Дина Јашари стана првиот артист од Македонија добитник на престижната награда „Милан Младеновиќ“, што ја вброи меѓу водечките имиња на современата регионална музичка сцена. Нејзиниот успех е не само личен, туку и поттик за новите генерации млади уметници во земјата.
Рената Кралевска – нова надеж на музичката сцена
Рената Кралевска, има учествувано на македонскиот музички фестивал Макфест со RnB баладата „Не го барајте“ во 2009, продуцирана од Јован јованов, а напишана од Елвир Меќиќ. Следната година ја издала песната „Заводлив глас“ (Seducing voice), напишана од Рената, а продуцирана од Јорданчо Василковски - Оцко. Истата година Рената потпишала соработка со Sky Eye Entertaiment. Наскоро Рената почнала да се пробива не само на македонскиот, туку и поширокиот музички пазар. Првата песна со новата продукција била „I can take you here“, продуцирана од Зоран Алексиќ.
Летото 2012 година ја издаде песната „Time, time“, која забележа одличен успех, како и песната „Please Stay“. Рената бeше првиот изведувач од регионот која поседува VEVO канал како дел од Youtube платформата. „Because I love you“ беше првото видео лансирано на брендираниот канал. Еден месец подоцна, првото официјално видео на Рената, „Please stay“ беше промовирано. Рената доживеа голем успех и стана првиот балкански изведувач чии песни беа изведени на над 7000 радија низ целиот свет. „Trust your feelings“ и „West side story“ беа следните синглови. Видеото за „West side story“ беше објавено во октомври 2015 година.
РЖМ - Г.Д.ГФото: Фејсбук
Дознајте сè за случувањата во шоу бизнисот, бидете во тек со темите за животен стил и мода. Пријавете се во нашата Вибер група