Горди баби на црвен тепих од училишните клупи – Сузана Турунџиева и Цули Софијанова со емоции на првиот училишен ден -ФОТО

Првиот училишен ден секогаш носи радост, возбуда и нови почетоци – а оваа година беше посебно емотивен и за две познати дами, Сузана Турунџиева и Цули Софијанова.
Водителката и писателка Сузана Турунџиева сподели фотографија со својот внук, прваче, и во описот напиша: „Баба на прваче. Животот ме сака“. Со широка насмевка и гордост што зрачи од лицето, Сузана покажа колку силна е љубовта и радоста што ја носат ваквите семејни моменти.
Од друга страна, познатата докторка Цули Софијанова исто така имаше причина за гордост – нејзиниот внук оваа година седна во училишните клупи. „My King, 1 grade“, напиша таа на социјалните мрежи, споделувајќи фотографија пред училиштето „Петар Поп Арсов“ во Скопје. Со елегантен изглед и препознатлива енергија, Цули ја покажа својата нежна и емотивна страна како баба.
Двете дами со своите објави уште еднаш докажаа дека радоста на семејството и прегратките на најмалите се најголем благослов.
РЖМ/ИС