Гостите на влезот ги дочека сено: Вака Борис Џонсон и неговата 24 години помлада сопруга прославија годишнина од брак
фото:Profimedia
Необична церемонија по повод венчавката на Борис Џонсон и неговата 24 години помлада сопруга Кери Сајмондс.
Британскиот премиер во заминување, Борис Џонсон и неговата свршеница Кери Сајмондс се венчаа минатата година, на тајна церемонија во Вестминстерската катедрала во Лондон.
Поради целокупната состојба со коронавирусот, тогаш на свеченоста присуствуваа мал број луѓе.
Дејли Мејл пишува дека парот завчера ја прославил својата венчавка, а невестата носела венчаница дизајнирана од Савана Милер, која на веб-страницата чини само 25 фунти за изнајмување, што е околу 1.800 денари.
Според неофицијални информации, Кери била задолжена за организација на венчавката, а сакала гостите да уживаат максимално.
Вакви венчавки денес ретко се гледаат - прославата била организирана на голем ранч, во бел шатор, додека бурињата служеле како трпези.
Гостите на влезот ги пречекало сено, односно, бали со сено биле распослани насекаде околу шаторот и на тој начин целиот настан бил прикриен од „несакани гости“.
Ова живописно место инаку е богато со бројни удобности, вклучувајќи овоштарник во облик на срце, како и внимателно негувани градини.
Многу политичари биле поканети да присуствуваат на церемонијата. Австралиската актерка Холи Валанс и нејзиниот сопруг, исто така, биле видени како пристигнуваат на церемонијата во саботата, пишува Дејли мејл..
Борис Џонсон веќе има два брака зад себе, а Кери е 24 години помлада од него.
извор:stil.kurir