Грациозност во црно: Водителката Сања Савеска како вистинска икона на стилот

Добивај вести на Viber

Водителката Сања Савеска и овојпат покажа дека има беспрекорен стил. Таа се појави на настанот во класична и елегантна комбинација – долга црна тоалета со длабоко деколте и меко спуштен крој, која ѝ дава отмена женственост. 


Црната боја отсекогаш била симбол на софистицираност, а Савеска успеа да ја оживее со впечатливи детали.


Црвеното карминче, перфектно нанесено, беше главниот акцент на нејзиниот изглед и во совршена хармонија со нејзината насмевка. Бисерната огрлица ѝ даде класичен холивудски шмек, а нежните бранови на косата само ја комплетираа оваа впечатлива појава.


Со оваа комбинација, Савеска уште еднаш покажа дека знае како да избере безвременска елеганција и да изгледа како вистинска дама на секоја свеченост.


РЖМ/ИС  - Фото-официјален профил Сања Савеска