„И целиот свет да е против мене… најважно е што те имам ТЕБЕ“: Филип синот на Лила славеше роденден

Водителката Лила Филиповска, едно од најпрепознатливите ТВ-лица кај нас, со емотивна објава на социјалните мрежи му го честиташе роденденот на својот син Филип, кој порасна пред очите на јавноста, но денес е веќе возрасна и изградена личност.
По повод неговиот роденден, Лила објави серија ретро фотографии од времето кога Филип беше дете, сè до денешни денови, прикажувајќи го неговиот раст и созревање. Особено внимание привлече краткото видео каде двајцата танцуваат, пропратено со емотивни збориви.
„И целиот свет да е против мене… најважно е што те имам ТЕБЕ“, напиша Лила, дополнувајќи:
„Денес е роденден на најважниот човек во мојот живот…. Филип. Безусловна љубов, поддршка и среќа… Да си здрав, жив, секогаш весел и насмеан и секогаш да си моја гордост како и до сега… те сака твоја Лики.“
Познатата водителка никогаш не ја криела блиската врска со својот син, а и овојпат јавно ја покажа љубовта и гордоста што ја чувствува кон него.
Фото: Инстаграм
РЖМ - Г.Д.Г