И покрај болката, собра сила да запее: Прво појавување на Ана Костадиновска на концерт, еве со кого пееше

Каролина Гочева синоќа одржа концерт на плоштадот во Валандово, кој првично беше закажан за неделата, но поради неповолни временски услови беше одложен.
Настапот беше дел од програмата на реномираниот фестивал „Фолк Фест Валандово“, а концертот привлече голем број посетители. Плоштадот беше преполн, а атмосферата весела — и Каролина и публиката уживаа во музиката и заедничката енергија.
Посебно внимание привлече и појавувањето на пејачката Ана Костадиновска како придружен вокал. Ова беше нејзино прво јавно појавување по трагичниот пожар во Кочани, во кој животот го загуби нејзината блиска пријателка и колешка Сара Пројковска, како и други членови на бендот на групата ДНК.
Ана и Сара беа неразделен музички тандем, често ангажирани како придружни вокали за голем број познати македонски изведувачи. И покрај болката, Ана собра сила да се врати на сцената, продолжувајќи го својот пат со мислите насочени кон оние кои повеќе не се со нас.
РЖМ