Ја официјализираа љубовта со брак: Се омажи Дани Димитровска

Добивај вести на Viber

Македонската пејачка Дани Димитровска и нејзиниот партнер, Горан Веселиновски – Весел, официјално стапија во брак. Двојката се венчаше на интимна церемонија во присуство на најблиските.

Димитровска минатата година во јуни преку објава на Инстаграм го покажа вереничкиот прстен, а нешто повеќе од една година подоцна, парот се одлучи да ја официјализира својата љубов.

Убавата вест пејачката ја потврди со фотографија на Инстаграм на која позира со својот сопруг, а под неа напиша: „Госпоѓа и Господин“.

На венчавката присуствувале и нивните деца од претходните бракови – синот на Дани, Лазар, и ќерката на Весел, што дополнително го збогатиле семејниот момент.

Во претходно интервју за „Женски магазин“, каде за првпат јавно го претстави својот партнер, Димитровска зборуваше за љубовта и инспирацијата зад нејзината музика. На прашањето дали нејзиното момче е инспирација за некоја од песните, таа изјави:

„Искрено, страдам што страдаме во илузијава дека сме немоќни, неспремни, зли и сурови. Песнава е инспирирана од вистината. Изворот е Весна Малинова, а таа вели дека изворот е еден...“

Пејачката додаде дека чувствува исполнетост кога е креативно реализирана, а нејзиниот емотивен партнер го опиша како најдобар пријател, соговорник и поддршка.

Фото: Инстаграм
РЖМ - Г.Д.Г

Дани Димитровска му кажа „да“ на Весел: Пејачката го покажа свршеничкиот прстен