Актуелно // Insta вести
Катарина Ивановска блеска на фотографија со партнерот – поводот е специјален

Најпознатиот македонски модел, Катарина Ивановска, денес го слави својот роденден, а поводот не помина незабележано од нејзиниот партнер.
На социјалните мрежи тој сподели романтична фотографија од нив двајца, придружена со порака „Happy Birthday“, со што ѝ упати јавна честитка исполнета со љубов и внимание.
На фотографијата Катарина блеска во едноставна, но елегантна комбинација – маслинено-зелена сукња во пар со класично црно сако и очила за сонце, додека парот позира на тераса со живописна панорама во позадина.
Објавата веднаш предизвика внимание кај следбениците кои со честитки и убави зборови ја поздравија нашата интернационално успешна манекенка, посакувајќи ѝ многу љубов, здравје и нови успеси.
ФОТО: Инстаграм