Љубов која трае две децении: Прослава во домот на голманот на македонската репрезентацијата и неговата сопруга

Добивај вести на Viber

Македонскиот ракометен репрезентативец и моментален голман на РК Еурофарм Пелистер, кој со години наназад е еден од столбовите на македонскиот ракомет, Никола Митревски годинава одбележува значаен личен јубилеј – 20 години брак со својата сопруга Елена.

„20 години во брак со овој прекрасен човек“, напишала сопругата на Никола.

Елена е неговата најголема поддршка не само во животот, туку и во спортската кариера. Таа е со него од самиот почеток и досега го следела на секој негов ракометен ангажман – било да игра во Македонија или во странство. Со нејзината постојана поддршка и посветеност, таа е клучен дел од неговиот успех надвор од спортските арени.

Како плод на нивната љубов се ќерката Анастасија и синот Антонио, кои се гордост на семејството и мотив плус за нивниот заеднички пат.

Овој јубилеј е уште една потврда дека зад секој успешен спортист стои стабилна и посветена поддршка – токму каква што е Елена за нашиот искусен голман.

Фото: Инстаграм
РЖМ - Г.Д.Г