Љубовна приказна од политиката: Пратеничката Жаклина Пешевска слави 23 години брак

Добивај вести на Viber

Македонската политичарка и пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, има личен повод за славење – таа и нејзиниот сопруг одбележуваат 23 години брачен живот. Во оваа емотивна прилика, Пешевска сподели заедничка фотографија со сопругот на својот профил на Фејбук, придружена со искрен статус полн љубов, благодарност и семејна топлина.

„23 години љубов, 23 години брак. Денес славиме не само години, туку и спомени, борби, победи и безброј моменти исполнети со радост“, напиша Пешевска, потенцирајќи ја гордоста за патот што го поминале заедно и семејството кое, како што вели, ѝ е „најголем благослов“.


Во статусот, таа со љубов ги спомнува и нивните три деца – Стефан, Марија и Матеј – нарекувајќи ги своја гордост и сила, и причина секој ден да се вложува љубов и труд.

„Ти благодарам што 23 години си ми потпора и пријател. Заедно продолжуваме да пишуваме уште многу години исполнети со љубов, среќа и семејна топлина“, завршува Пешевска во објавата.

Честитките за нивниот семеен јубилеј пристигнаа од бројни пријатели, роднини и поддржувачи, кои со убави зборови го одбележаа овој важен ден во животот на семејството Пешевски.

РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Фејсбук