Маестрална изведба на „Македонско девојче“: Каролина Гочева запеа со Амира Медуњанин (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

По успешниот концерт на Античкиот театар во Охрид, босанската кралица на севдалинките, Амира Медуљанин, одржа фантанситечен концерт и пред битолската публика. Помеѓу присутните, беше и македонското девојче, Каролина Гочева, која со своите обожаватели ги сподели своите впечатоци од одличниот концерт.

„Амира Медуњанин ме повика на сцена заедно да отпееме колку песни. Како што може да видите, не очекував да се појавам во улога на изведувач вечерта. Амира, прекрасно беше, те чекаме пак“ - напиша Каролина покрај фотографиите кои ги сподели на својот Инстаграм профил.

View this post on Instagram

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva) on


Овие две одлични пејачки ја отпеаа една од најпознатите македонски народни песни - „Македонско девојче“, а како истата звучи кога овие две пејачки ги споија гласовите, слушнете во продолжение: