Мајка која ги воспитува децата на вистински, но заборавени вредности: Бојана Скендеровски му се обрати на својот син со моќна порака

Добивај вести на Viber

Познатата македонска пејачка Бојана Скендеровски вчера ја сподели својата гордост со јавноста: нејзиниот син Ѓорѓи за првпат седна во училишните клупи. 

Со емотивна објава на социјалните мрежи, таа покажа дека покрај професионалните успеси, најважната улога ѝ е токму улогата на мајка.

Фотографијата со која го одбележа овој важен ден за семејството ја воодушеви публиката, но уште поголемо внимание привлече пораката што Бојана му ја упати на својот син:

„Среќно да ти е мајкин! Да бидеш умен, успешен… но и да бидеш верен другар! Ѓорѓи прваче!“


Токму делот „да бидеш верен другар“ предизвика најмногу симпатии. Во време кога индивидуализмот често е пред сè, оваа порака беше сфатена како потсетник на вистинските вредности – пријателството, верноста и човечноста.

Многумина ја пофалија Скендеровски дека со неколку едноставни зборови пренела важна лекција која денес сè почесто се заборава: дека успехот и умот имаат смисла само ако човек остане човек, ако знае да биде другар и поддршка на оние околу него.

Со оваа објава, Бојана Скендеровски не само што го прослави новото поглавје во животот на својот син, туку и испрати порака до сите родители – дека воспитувањето е пред сè вложување во карактерот и вредностите на децата, а не само во нивните оценки и успеси.

М.С.К