Македонската пејачка од „Ѕвездите на Гранд“ се разгали – спа, џакузи и апсолутен мир

Македонската пејачка Мими Јовановска, која публиката првпат ја запозна преку популарното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, и овојпат привлече внимание со своите објави на социјалните мрежи.
Убавата пејачка реши да си подари моменти за себе и да се посвети на одмор, кој очигледно ѝ бил повеќе од потребен.
На колаж од фотографии, Јовановска им овозможи на своите следбеници да ѕирнат во нејзиниот релаксирачки ден. На една од фотографиите може да се види како се одмара покрај затворен базен, кој бил празен и со тоа ѝ овозможил целосен мир.
Другата фотографија открива момент на целосна опуштеност во џакузи, додека третата ја прикажува пејачката на лежалка, уживајќи во атмосферата на спа центарот.
Со ваквите сцени, Јовановска уште еднаш покажа дека умее да се оддалечи од секојдневните обврски и да се посвети на сопственото здравје и благосостојба. Таа им даде пример на сите дека одморот не е луксуз, туку неопходност.
„Секој заслужува момент за себе, а одморот е најубавиот начин да се наполни енергијата“, се согласуваат и нејзините обожаватели во коментарите.
Мими е жив доказ дека со вистински избор на место и атмосфера, паузата од динамичниот живот може да биде совршена терапија за тело и душа.
М.С.К