Министерката за одбрана со облека во знакот на Илинден: “Живи сме, мртов е зборот робје ! “

Добивај вести на Viber

Денес, на големиот празник Илинден, политичкиот врв на Македонија е на разни места низ земјава, прославувајќи и оддавајќи почит на македонските великани. 

Министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со претседателот Стево Пендаровски беа на градските гробишта Бутел, во Алејата на Великаните каде положија цвеќе на гробовите од Киро Глигоров, Борис Трајковски и на генерал Михајло Апостолски. 

Министерката за оваа свечена пригода се облече пригодно и својствено за денешниот празник. Ја одбра црвената боја да доминира на сакото, симболизирајќи ја бојата на Македонија, а црната на плисираниот фустан. Дополнувањето со бисери, синоним за Охрид и охридскиот бисер, исто така создаде силна симболика. Изгледаше убаво, ненаметливо и пристојно.



Фото: Официјален фб. профил на Славјанка Петровска