Мите и Марија една година љубов под Божји благослов: Финалистот од „Ѕвездите на Гранд“ со емотивна објава

Добивај вести на Viber

Финалистот од една од претходните сезони на популарното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, шармантниот македонски пејач Мите Стоилков, и неговата сопруга Марија Минова, го одбележаа првиот јубилеј – една година брак.

По повод годишнината, Стоилков објави емотивна порака на својот профил на Фејсбук, во која ги сподели своите чувства и благодарност за заедничкиот живот со Марија:

„Бог нека ја чува нашата љубов секогаш во светлина и благослов. Среќна годишнина, љубов“, напиша пејачот, споделувајќи и фотографија од нивната свадбена веселба.


Минатата година, Мите и Марија го кажаа судбоносното „да“ на традиционална македонска свадба, која се одржа во присуство на семејството, блиските пријатели и бројни колеги од музичката сцена. Веселбата беше исполнета со македонски обичаи, музика и неизбришлива енергија, а нивната љубовна приказна ја следеа и бројни фанови преку социјалните мрежи.

Со својот препознатлив глас и искрен настап, Мите Стоилков стана миленик на публиката уште за време на своето учество во „Ѕвездите на Гранд“. Надвор од сцената, неговиот живот се одвива подеднакво хармонично – во знакот на љубовта, посветеноста и семејните вредности.

Фото: Фејсбук

РЖМ - Г.Д.Г

Се ожени Мите Стоилков: Младоженецот не штедеше пари кога одеше по невестата, таа нежна и преубава