Модата се поклонува пред неа: Постхумна ревија за Фросина Кулавкова на филналето на „Топ Модел Европа Балкан“ во Белград

Добивај вести на Viber

На претстојното финале на „Топ Модел Европа Балкан“, кое ќе се одржи во хотелот „Москва“ во Белград, ќе биде прикажана постхумна модна ревија во чест на македонската модна дизајнерка Фросина Kулавкова.

Ќулавкова, која трагично го загуби животот откако беше прегазена на пешачки премин на улицата Партизанска, ќе биде одбележана со специјална трибјут ревија на нејзината последна, досега необјавена колекција. Настанот ќе претставува симболична почит кон нејзиниот талент, визија и моден печат кој го остави на македонската сцена.

Оваа ексклузивна модна вечер ќе биде во знакот на финалето на „Топ Модел Европа Балкан“, престижен регионален натпревар кој ги обединува најперспективните манекени, манекенки и фотомодели од Балканот. Публиката ќе има можност да ужива во модна програма, во која ќе настапат 20 македонски натпреварувачи што ќе се борат за титулата победник.

Освен трибјут-ревијата за Kулавкова, вечерта ќе ја збогатат и ревиите на уште две реномирани македонски дизајнерки.

Шалева, позната по своите модели од висока мода и стилскиот потпис што го остави на многу јавни личности, ќе претстави нова колекција инспирирана од елеганцијата и самодовербата.

„Би била многу горда ако некој од Македонија победи на натпреварот,“ изјави Шалева, воедно и директорка на настанот.

Ирина Тошева, пак, ќе донесе свежина и експериментален дух, преку иновативен дизајн и препознатлива креативност.

Победниците од финалето во Белград ќе имаат можност да го претставуваат Балканот на големото европско финале во Брисел, каде ќе се натпреваруваат со најдобрите таленти од целиот континент.

Жирито ќе ги оценува натпреварувачите според харизма, самодоверба и способност за претставување на модните креации.

„Топ Модел Европа Балкан“ ветува вечер исполнета со стил, гламур и модна емоција.

РЖМ