„Мојата насмевка е мојата сила“ – актерката Маја возврати моќно

Актерката Маја Андоновска Илијевски сподели фотографија и лична приказна која ја отсликува нејзината енергија и став кон животот. Во постот открива дека пред неколку години некој ѝ упатил „совет“ дека за дама не е убаво да се смее „толку широко од 6 до 6“.
Но, наместо да се воздржи, Маја одлучила токму тој коментар да ѝ биде патоказ: да не се крие зад половичноста, туку да живее целосно.
„Нема половично во мене: живеам, пеам, работам, другарувам, љубам и му се предавам на секој миг со сета сила и љубов што ја носам. Луѓето доаѓаат и заминуваат во мојот живот, затоа што не секој може да ја разбере мојата енергија – таа е бескомпромисно силна и вистинска. Пред се таа е мој печат“ - напиша таа.
На фотографијата Маја блеска во златни кратки панталони и црн топ, комбинирани со впечатливи обетки – стајлинг што ја одразува истата таа самоуверена енергија за која зборува.
Со оваа објава, актерката уште еднаш докажа дека вистинската женственост е во автентичноста и смелоста да бидеш свој.
РЖМ/ИС