Музиката ги спојува генерациите: Огнен Здравсковски со „златните грла“ на македонската фолк сцена

Добивај вести на Viber

Младиот и талентиран пејач Огнен Здравсковски ја изненади публиката со нова фотографија на која е во друштво со две вистински икони на македонската фолк сцена – Наум Петрески и Миле Кузмановски. Под фотографијата, Огнен со многу почит и восхит напиша: „Златните грла“, алудирајќи на квалитетот, историјата и влијанието што овие двајца маестрални вокали го имаат во македонската музика.

Тројцата настапуваат како дел од музичкиот караван „Македонијо во срце те носиме“, кој оваа година патува низ различни градови низ државата, носејќи ја традицијата, музиката и позитивната енергија поблиску до народот.

View this post on Instagram

A post shared by Ognen Zdravkovski (@ognenzdravkovski)

Овој проект изминатата година покажа дека македонските музички ѕвезди не само што знаат да направат спектакл на сцена, туку и одлично се забавуваат зад камерите. Сплотени од љубовта кон музиката и публиката, и оваа година се чини дека енергијата е уште повисока, а дружбата – искрена и незаборавна.

Фотографијата на Огнен не само што ги собра лајковите на социјалните мрежи, туку и потврди дека новата генерација пејачи умее да покаже почит кон оние што ја трасирале патеката пред нив. 

Фото: Инстаграм
РЖМ - Г.Д.Г