„Најголема вредност има времето со саканите“: Ведрана Ѓорѓевиќ од Рим со моќна порака!

Рим – Вечниот град, градот каде што историјата, уметноста и гастрономијата се сливаат во едно уникатно доживување, е дестинација што секој треба да ја посети барем еднаш во животот. Градот кој дише низ своите антички улици, плоштади и архитектонски ремек-дела, овие денови беше изборот на водителката Ведрана Ѓорѓевиќ, која во друштво на својата мајка и сопругот Андрија Антиќ, уживаше во сè што нуди италијанската престолнина.
Ведрана, која важи за дама со префинет моден вкус, и овојпат не помина незабележано. Таа го привлече вниманието со впечатлив, целосно розов стил – од очила за сонце и фустан, до патики и чадор за заштита од сонце, што совршено се вклопуваше во романтичната атмосфера на Рим.
На својот Инстаграм-профил таа објави фотографии од патувањето, придружени со емотивна порака во која го истакнува значењето на времето поминато со најблиските:
„Во брзината на секојдневието, најголемата вредност ја има времето поминато со оние што ги сакаме. Ова патување во Рим не беше само разгледување убавини – беше потсетник колку е важно да бидеме заедно, да се смееме, да создадеме спомени што ќе останат засекогаш. Затоа учам да не земам ништо здраво за готово, да бидам присутна, благодарна и целосно во секој миг што ни го подарува животот заедно. За моите најсакани луѓенца на планетава“, напиша Ведрана.
Семејната прошетка по римските булевари, посета на култните локации, беа дел од нејзиниот престој во градот кој секогаш остава трага.
Фото: Инстаграм
РЖМ