Најпознатата Кенијка во Македонија на семеен одмор: Водени лудории, гушкања и насмевки на овој грчки остров

Добивај вести на Viber

Емакулате Вандера, несомнено најпознатата Кенијка во Македонија и омилена личност на социјалните мрежи, моментално ужива во заслужен семеен одмор на магичниот грчки остров Закинтос. Во друштво на својот сопруг Михајло и нивната ќерка Дариа, Ема споделува моменти полни со љубов, смеа и безгрижни уживања на летното сонце.

На фотографиите кои ги објави на Инстаграм, Ема зрачи со среќа – безгрижност и исполнетост. Таа не крие дека најмногу ужива во друштвото на своите најблиски. Водени лудории со малата Дариа, игри на плажа и топли прегратки со Михајло – сè укажува на совршен семеен одмор исполнет со љубов и хармонија.

Со природна харизма и позитивна енергија, Ема уште еднаш покажа дека семејството е нејзиното најголемо богатство, а Закинтос – вистинското место за обновување на енергијата и создавање нови спомени.

Фото: Иснтаграм
РЖМ - Г.Д.Г