Насмевки, шампањ и Атлантски океан – Љупка Гугучевска го прослави роденденот во Монровија

Добивај вести на Viber

Екс-портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска, го одбележа својот 43-ти роденден со стил – на брегот на Атлантскиот океан, во Монровија, главниот град на Либерија. Во друштво на сопругот и ќерката, Гугучевска блескаше со насмевка и добри вибрации, уживајќи во атмосферата на еден поинаков и егзотичен роденден.


Со шампањ во рака, балони и море во позадина, роденденската прослава изгледаше како сцена од филм. Љупка сподели моменти исполнети со љубов и семејна топлина, а фотографиите ја откриваат енергијата и радоста што ја обележаа оваа специјална вечер.


Роденденот во Либерија беше доказ дека убавината на животот се крие во едноставните радости – семејството, насмевките и незаборавните моменти покрај океанот.




РЖМ/ИС - Фото: Инстаграм профил Љупка Гугучевска