Немојте да мислите дека ние родителите сме заборавиле дека од септември ТРЕБА ДА ПРОДОЛЖИ едукацијата на нашите деца: Иницијатива на родители за учебната 2020/21

На Фејсбук се појави група насловена како „Иницијатива на родители за учебната 2020/21“, која досега брои околу 7000 членови. Во групата е поставено гласање за како родителите сметаат дека треба да се одвива наставата од септември, а најголем дел од нив сметаат дека учениците треба да се вратат во училишните клупи.
- Групата е формирана со цел да се изнајде безбеден начин за отварање на градинките и училиштата и да се добијат одговори од надлежните за тоа која е нивната стратегија за децата, во ситуација кога се друго се либерализира, а за децата се уште немаат решение иако училишната година е на прагот. Групата не промовира online настава за сите, туку инклузивност и решенија за сите, вклучително и опција online настава за ризичните групи на деца, родители и наставници. Поради големиот број на барања за вклучување во групата, додадени се две прашања при влез во групата кои треба да се пополнат пред да се одобри влез. Воедно доколку некој од членовите не се согласува со целта на групата, се охрабрува истата да ја напушти- стои во описот на оваа група.
Јасно е дека родителите се загрижени за образованието и иднината на своите најмили и во најбрз рок очекуваат јасни решенија за ситуацијата и новата учебна година која треба да почне за скоро еден месец.
Еден од најпопуларните постови во групата е на Елеонора Реина Ефтимова, и го пренесуваме во целост:
„Како да функционираат школи и градинки?
Многу просто !
Наместо да се даваат тон пари за квази платформи, може тунел голем за дезинфекција пред школо! Може лампа за дезинфекција во училници (ниту е опасна ниту зрачи)!
Може прочистувач во секоја училница, средства за дезинфекција и храната да е во ланч пакети со прибор за една употреба!
И да не дава државата, А ТРЕБА, секој родител да даде по 500денари ќе се обезбеди безбедна училница во која нема да требаат маски за да се гушат децата!
А сите вие што се плашите од школи и градинки, не се плашите да пазарите во маркети?
Немате страв од колегите?
Немате страв од роднините и блиските?
Е па ако е така да седиме без струја , без храна , без ништо !
Еве јас немам логистика и носам деца и на пазарење , во маркет, во аптека ! Мали се и немам кој да ми ги чува ! Или да ги оставам да хибернираат? Па што ќе им е храна , не треба !
Не треба да живееме ќе си седиме пред монитори и ќе живееме херметички!
Нема да дишеме, нема да се движиме , нема да се социјализираме ! Да изгинеме најдобро а ?
Нема движење , ќе си атрофираме, нема природна респирација на бели дробови, нема имунитет !
Со ваков однос настинки ќе не покосат !
Надвор 50 степени на отворено, деца на точак околу нив никој и мајката им ставила маска до очи !
Тоа ви е нормално !
Не тоа е самоубиство!
Абре ајде ова е ван памети!
Се отворија, се чини ама дечиња се опасни ! Срамота !“
Покрај оваа група, и на самите Фејсбук профили, доста родители споделуваат мислења на темата образованите од септември. Еден од нив е на Ирена Јорданова која апелира до институциите да изнајдат решение.
„До Министерство за образование односно сите партии. Немојте да мислите дека ние родителите сме заборавиле дека од септември ТРЕБА ДА ПРОДОЛЖИ едукацијата на нашите деца, сите партии што имаат претензии да бидат дел од новата влада сериозно да размислат кој ќе биде министер за образование И КАКО ЌЕ ЈА КООРДИНИРА едукацијата на сите генерации ученици.
Да размислите дека првооделенче не е исто со шесто, средношколец од прва година не е исто со средношколец од четврта и процесите на едукација СЕ РАЗЛИКУВААТ.
Август е утре, септември за еден месец. Децата минатата година беа оставени сами на себе и на креативноста на наставниците (секоја чест на посветените едукатори)
Голем процент беа оставени да учат преку ВИБЕР или да пратат 5 слики на крај на година демек нешто колку да се рече изработиле. Тоа не е организирана држава ниту систем што функционира.“
Што вие како родители мислите? Како треба да се одржува наставата од септември?
Д.Караташова