„Ништо не може да нѐ раздели“: Вака пред 3 месеци зборуваше Карлеуша за бракот со Душко

Пејачката Јелена Карлеуша и поранешниот фудбалер Душко Тошиќ по 14 години решија да стават точка на бракот, за што самата ја информираше јавноста преку социјалните мрежи.
Меѓутоа, во интервјуто кое Јелена го даде пред само три месеци, ништо не навестуваше дека бракот ќе пропадне.
- Со Душко сме заедно 15 години. Престанавме да славиме јубилеи затоа што некако по 15 години престанува да биде нешто што треба да се слави. Тоа е како роденден. Зошто да славите кога ќе наполните 40 години?! Кога станува збор за Душко, мислам дека тој најмногу ме сака без шминка и без сите оние додатоци кои валкаат маица, кошула, лице или навлака за перница - започна излагањето на Карлеуша за Story.
- Најмногу сака кога јас сум - јас. Тоа е најважно за жената - мажот да те сака таков каков што си. Тоа што луѓето го гледаат не сум јас. Ова е моја работа. Луѓето треба да знаат дека приватното јас и професионалното јас воопшто не сме иста личност – додаде пејачката, а потоа се осврна на сопствената изјава дадена по повод годишнина од нивниот брак дека нивната заедница ќе трае. „засекогаш“, како и дека Душко е „совршен“.
- Никој не е совршен. Не постои совршен. Не сум совршена. Сите ние имаме недостатоци. Јас најмногу. Јас прво. Поентата е да прифатиш и сакаш некого со сите тие маани. Ако го барате идеалниот, тешко дека ќе го најдете. Ако премногу филозофирате, ќе останете сами. Треба само да најдете рамнотежа за добрите работи да бидат поизразени од лошите. Треба да работиме на тоа, како и на комуникацијата.
- Комуникацијата е многу важна. Понекогаш недостатоците можат да бидат многу интересни. Моите маани се на пример привлечни. Знам да бидам многу разгалена, а мажите генерално многу повеќе ги сакаат разгалените жени од оние кои сами ќе ги носат сите чанти. Знам да бидам принцеза и, без разлика колку тоа го нервира Душко, нему му е многу убаво и смешно – додаде Јелена.
- Кога некој ме познава на вистински начин, тогаш тоа е симпатично. Треба само да имаш мерка во се. Се фрлам на шопинг, врескам на работите додека не го добијам тоа што го сакам. Тоа, на пример, може да биде досадно, но и слатко.- По толку години знаеш се за некого. Знаеш како дише другата личност и тоа е ново ниво на врска што не се заснова на „Уф, маче, какво пиле си“. Тука влегуваат децата и заедничкиот имот. По 15 години се раѓаш. Кога ќе влезеш во таа фаза, тогаш ништо не може да ја скрши - изјави Карлеуша во март тековната година.
- Кога луѓето се тука еден за друг, во добро или во лошо, кога сакате да го дадете животот за некого, тоа е вистинската работа, а оној што ви се допаѓа на Инстаграм, кој е згоден фраер, ти не сакаш да го дадеш животот за него. Можеби ќе му дадеш нешто, но не сè, а сепак ова е некој за кого би го дала животот.
Целиот негов свет се вртеше само околу неа: Почетокот на љубовната приказна на Карлеуша и Душко Тошиќ беше како филмИ официјално: Карлеуша објави соопштение - се разведува од Душко Тошиќ по 14 години брак, а ова се деталите