Објави топлес фотографија во 5-тата деценија: Актерката молскавично собра половина милион лајкови, еве зошто (ФОТО)

Познатата холивудска актерка Кејт Хадсон предизвика бурни
реакции на социјалните мрежи со нова фотографија.
Кејт Хадсон, која во април годинава го прослави својот 43-ти роденден, направи хаос на мрежите кога објави жешка фотка додека го пие утринското кафе.
Таа лежерно седеше покрај прозорецот, држеше шолја кафе, а на голите гради имаше само коса.
„Сонцето изгреа“, напиша таа фотографијата на Инстаграм со емоџи со шолја кафе.
И додека фановите беа воодушевени, а таа собра нешто помалку од половина милион лајкови, фотографијата не му се допадна на нејзиниот брат, па покрај неа напиша само „не“.
Русокосата актерка, која го роди своето трето дете пред четири години, призна дека ѝ било многу потешко да се врати во форма во четириесеттите години отколку по првите две породувања кога имала дваесет и триесет години.