Од терен до олтар: Голманот Захов направи свадба за паметење - Еве која голема балканска ѕвезда ги забавуваше

Најважниот ден во животот на македонскиот фудбалски голман Костандин Дино Захов помина во знакот на љубовта, музиката и стилот. Наместо спортскиот дрес, Захов облече елегантен црно-бел костум и заигра оро, славејќи го своето венчавање со модната дизајнерка Ивана Давидовиќ од Србија.
Свадбената веселба се одржа во позната винарија во Скопје, каде што присуствуваа блиските семејства на младенците, пријатели и соработници. За незаборавна атмосфера беше задолжена балканската фолк ѕвезда Ана Бекута, која според фотографиите приреди вистинска забава за паметење.
Младоженецот се одлучи за комбинација од црни панталони и бело сако, додека невестата блескаше во тесен бел фустан од тантела со отворен грб и долен дел што се шири. Посебно внимание привлече нејзиниот бидермаер, уникатно изработен од розови кали.
Романтичната и стилски дотерана прослава ја одбележа нова животна страница за познатиот спортист и неговата сопруга.
РЖМ