„Одиме понатаму, до каде и да стигнеме“: Верица Ракочевиќ и нејзиниот 35 години помлад сопруг прославија 13 години брак

Добивај вести на Viber

Познатата српска модна креаторка Верица Ракочевиќ и нејзиниот 35 години помлад сопруг, композиторот Вељко Кузманчевиќ, прославија 13 години брак. 

Нивната љубовна приказна уште од самиот почеток предизвикуваше големо внимание во јавноста, најмногу поради големата возрасна разлика меѓу нив.


Иако многумина имаа предрасуди и не веруваа дека ќе потраат, времето покажа дека Верица и Вељко се доказ дека љубовта не познава години. 

Со меѓусебна почит, поддршка и искрена приврзаност, тие успеаја да изградат стабилен и хармоничен брак кој трае веќе повеќе од една деценија.

„Сè што е вистинско и искрено, трае,“ изјавила Ракочевиќ во една прилика, нагласувајќи дека љубовта со Вељко ја исполнува и ја прави среќна.

Денес, нивната врска е инспирација за многумина кои веруваат дека љубовта е посилна од сите предрасуди и дека вистинската блискост се гради на разбирање и доверба.

РЖМ