Отишла на маникир, а не кажала дека има коронавирус: Причината ќе ве шокира

Неверојатна
ситуација во Велика Британија
Една сопственичка на салон за маникир објави на својот профил на Фејсбук како една клиентка свесно ја ставила во опасност, и покрај тоа што претходно побарала од неа да потврди дека е здрава.
Тејлор, која е сопственичка на салонот за убавина „Rogue Menai“, по два дена откако и' ги средила ноктите на клинтката, добила неочекувана порака:
- Се чувствувам лошо затоа што не требаше да ги закажувам ноктите. Но, јас бев навистина очајна. Се тестирав за коронавирус пред два дена. Јас сум позитивна, те молам оди во карантин - и' напишала таа.
Тејлор не можела да поверува што чита, па ја прашала зошто не и' рекла пред закажувањето дека постои можност таа да биде заразена.
- Те прашав пред да дојдеш во салонот дали си била изложена на вирусот и дали си била заразена во одреден момент. Знаеш јас сум со нарушен имунитет и со закон не ми беше дозволено да закажувам термини, особено ако сте заразени - одговорила Тејлор.
Сепак, одговорот на клиентката ја шокираше уште повеќе.
- Очајно сакав да излезам од дома. Два дена бев во карантин. Сакав да си ги направам ноктите. Виде колку беа лоши - напишала таа.
Тејлор ја објави преписката со неодговорниот клиент на Инстаграм, а коментарите предизвикаа контроверзии во врска со одговорноста на заразените и казната за намерно загрозување на животот на другите луѓе.
„Ова е директна и невнимателна закана за другите луѓе. Поради нив, бројот на заразени и починати луѓе расте. Тоа е срам, таа треба да биде осудена на затвор“, „Таа загрози нечиј живот, заслужува затвор“ се само некои од коментарите.
Патем, според законот во Вашингтон, клиентите се должни да проверат дали имаат симптоми на ковид пред да одат во салони и спортски сали.
извор:telegraf.rs