Пет дијаманти за пет години љубов: Актерот Жарко Димоски ја изненади сопругата со симболичен подарок

Актерот Жарко Димоски и неговата сопруга Андреа деновиве слават пет години брачен живот, исполнет со љубов, поддршка и најголемото животно богатство – нивниот син Вито. Парот своето „да“ првпат го изговори во 2019 година, во времето на пандемијата, на интимна граѓанска церемонија во живописниот хрватски град Ровињ.
Не случајно Жарко и Андреа го одбраа токму Ровињ како локација за венчавката – актерот е половина Хрват и дел од своето детство го поминал токму таму, каде живее голем дел од семејството на неговата мајка. Во 2022 година, парот ги даде и заветите пред Бога, на црковната венчавка што дополнително ја заокружи нивната љубовна приказна.
За пет годишнината од брак Андреа на подарок доби специјален подарок, дијамантски прстен.
„Сладко изненадување, 5 дијаманти за 5 години брак“, напиша Андреа.
Најголемата радост во нивниот живот пристигна во 2023 година, кога се роди нивниот син Вито, кој оваа година ќе наполни две години. Минатата година, семејството организираше кршевка и прв роденден за Вито.
Во интервју за Женски магазин, Жарко откри како дошло до изборот на името Вито – име кое не е вообичаено на овие простори, но носи длабока симболика.
- Некрстен „КУМ“ на Вито е Марио Пузо, авторот на романот „КУМ“ еден од најдобрите романи и еден од најдобрите филмови снимен по романот.
Име што означува: Надеж, Вера … а потекнува од православното име ВИТУС.
Денес, пет години подоцна, нивната приказна е доказ дека љубовта, кога е искрена и силна, не познава ни пандемии, ни граници.
Фото: ИнстаграмРЖМ - Г.Д.Г