Актуелно // Insta вести
По голот во Прага, срце полно дома: Трајковски прослави роденден

И покрај тоа што неговиот гол не беше доволен за победа на пријателскиот натпревар против Саудиска Арабија, Александар Трајковски имаше причина за славење. Натпреварот се одигра во Прага и заврши со победа на Саудиска Арабија, а репрезентативецот на Македонија го одбележа својот роденден во семејна атмосфера.
По враќањето во Скопје, Трајковски прослави во друштво на сопругата Александра и децата Матеј и Искра. Роденденската забава се одржа во ресторан на познат скопски хотел.
По оваа кратка одишка, Александар во дресот на националниот тим и неговите соиграчи ги очекува натпревар со Лихтејнштајн како дел од квалификациите за Светско првенство. Натпреварот ќе се игра утре на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје.
РЖМ - Г.Д.ГФото: Инстаграм/ Фејсбук - ФФМ