По примерот на светските лидери, и нашата претседателка доби пријател на четири шепи: Караманот влегува во високата политика

Добивај вести на Viber

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова отсега ќе има нов, влакнест цимер и верен пријател – куче од автохтоната раса Караман! На официјална средба со претставници од Светската кинолошка федерација (FCI) и македонски кинолошки експерти, таа на подарок го доби овчарското куче  Караман – чувар на традицијата, планините и македонскиот дух.

И не само што доби миленик, туку и најави голема вест.

-Очекувам македонското овчарско куче Караман наскоро да биде официјално признаено од Светската кинолошка федерација. Тоа ќе биде историски момент за македонската кинологија и доказ за нашето богато културно и природно наследство, рече претседателката.

А кога го прими кучето, не ја криеше гордоста.

„На средбата ми беше подарено куче Караман – симбол на верноста, достоинството и македонскиот дух. Караманоте чувар на нашите планини, на нашата традиција и идентитет, а отсега ќе биде препознаен и ширум светот“, изјави таа.

<iframe src="https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fphoto.php%3Ffbid%3D1335023991332564%26set%3Da.303064661195174%26type%3D3&show_text=true&width=500" width="500" height="250" style="border:none;overflow:hidden" scrolling="no" frameborder="0" allowfullscreen="true" allow="autoplay; clipboard-write; encrypted-media; picture-in-picture; web-share"></iframe>

Со ова, Караманот не само што влегува во највисоките институции, туку и во срцата на сите љубители на животни, култура и домашни автохтони вредности.

Многу светски лидери во своите резиденции имаат миленици од своите омилени раси.

*Бил Клинтон го имаше кучето Buddy и мачката Socks, која стана модна икона на Белата куќа

*Барак Обама во својата резиденција ги имаше двете португалски водни кучиња Bo и Sunny

*Џо Бајден ја имаше мачката Willow, тоа беше првата мачка во Белата куќа. Друштво и правеа овчарските кучиња Major и Commander.

*Од сите светски лидери рускиот претседател Владимир Путин е најголем љубител на животните.

Кучето Кони од расата лабрадор/ ретривер го доби на подарок во 2000 година од тогашниот министер за вонредни ситуации на Русија, Сергеј Шојгу.

Рускиот претседател во 2010 година на подарок од бугарскиот претседател Бојко Борисов за време на посетата на Путин во Софија, на подарок го доби Buffy, каракачанско овчарско куче.

Во 2012 година во знак на благодарност за помошта на Русија што и ја пружи на Јапонија по земјотресот и цунамио во 2011 година, Путин на подарок доби куче од расата акита, а името му го даде Путин Yume.

Во 2017 година од претседателот на Туркменистан, Курбангули Бердимухамедов, за роденденот на Путин во резиденцијата во Сочи му го подари Verny – централноазијски овчар.

Српскиот претседател во 2019 година на Путин му го подари кучето Паша од расата шарпланинец.

Фото: Фејсбук
Г.Д.Г