Позитив на денот: Борче Стаменов стана татко и ја сподели среќата со сите

Добивај вести на Viber

Познат по својата хуманост и долгогодишната акција „Донирај компјутер“, со која им подари насмевка и можности на илјадници деца, Борче Стаменов сега ја доби најубавата и највредна награда во животот – стана татко.

Малата Каја е новата ѕвезда во неговото семејство, а фотографијата на која Борче нежно ја држи во раце ја стопи јавноста. Во објавата на социјалните мрежи тој ја сподели својата радост со зборовите: „So, it begins“, инспириран од неговата омилена филмска сага Господар на прстените.


Детската соба украсена со детали, топлата атмосфера и насмевката на таткото зборуваат повеќе од илјада зборови – ова е ново поглавје полно со љубов, предизвици и бескрајна нежност.


Пријателите и следбениците со воодушевување ја поздравија оваа прекрасна вест, посакувајќи им на малата Каја и нејзините родители многу среќа, здравје и моменти што ќе се паметат цел живот.

Зашто, ако досега го знаевме Борче како човек што несебично дарува, денеска го запознаваме и како татко што ја започна својата најубава животна приказна.


РЖМ/ИС