Прослава во семејството Андоновски: Димитар слави два јубилеја

Пејачот Димитар Андоновски имаше двојна причина за славење – го прослави својот 40-ти роденден и десетгодишнината од брак со сопругата Христина.
Семејната прослава се одржа во двор, под дебела сенка во интимна атмосфера со најблиските. Димитар сподели фотографии и видеа од настанот на социјалните мрежи, прикажувајќи моменти од топлата семејна атмосфера.
Сопругата Христина, пак, објави заедничка семејна фотографија со синовите Михаил и Гаврил, придружена со емотивна порака:
„Смислата на животот. Желбата ни е секој ден истата. Живи и здрави, да се радуваме заедно на животот“.
Честитка пристигна и од сестрата на пејачот, Маја Андоновска, која напиша:
„Среќна 40-ка Диме. И среќна годишнина од брак. Секогаш вака да ми сте“.
Роденденската торта била во сина боја со златни музички ноти, украсена со две свеќички – една со бројот 40 за роденденот и друга со бројот 10, во чест на децениската љубов.
Фото: ИнстаграмРЖМ - Г.Д.Г