„Само гледај ме вака и тераме до златна“: Љубов без рок на траење - Сара и Димитар слават годишнина од брак

Добивај вести на Viber

Харфистката и пејачка Сара Мејс и телевизискиот водител Димитар Атанасовски, едни од најпознатите јавни личности во земјава, прославија осум години брак. Без голема помпа, двојката го одбележа јубилејот со заеднички фотографии на социјалните мрежи и симболична „осмица“ придружена со срце, алудирајќи на бесконечната љубов која ги поврзува.

„Само гледај ме вака и тераме до златна“, стои под објавата.

View this post on Instagram

A post shared by Sarah Mace (@sarahmace__)

Сара и Димитар, заедно со нивните две деца – ќерката Илина и синот Кирил – важат за едно од најхармоничните семејства во јавниот живот. Често споделуваат делови од своето секојдневие, со доза на хумор и искреност, што ги прави особено блиски до публиката.

Покрај годишнината од бракот, семејството имаше уште еден повод за прослава – роденденот на Димитар, кој го одбележаа во семејна атмосфера.

Љубовната приказна на двојката започнала уште пред повеќе од една деценија, кога Димитар ѝ направил интервју на Сара за неговата емисија „Тротоар“. По неколку години, повторно се сретнале на еден нејзин настап – средба што била клучна за нивната врска.

„Таа вечер дефинитивно имаше хемија во воздухот. Димитар веднаш ми побара број, а веќе следното утро ми пиша“, раскажа Сара за Женски магазин, откривајќи детали од почетоците на нивната љубовна врска.

Првиот состанок го имале во кинески ресторан во центарот на Скопје, локација која до ден денес им останала омилено место за прослави.

„Димитар ми остави силен впечаток – преубав, паметен, привлечен, забавен… Кога се вратив дома, гледав во ѕид и ги сублимирав впечатоците со пеперутки во стомакот“, искрено раскажа Сара.

Осум години подоцна, нивната љубовна приказна продолжува да инспирира – скромно, искрено и со многу насмевки.

РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Инстаграм