Актуелно // Insta вести
„Седете мирни, имам барање од бившиот на Карлеуша“: Андријана Ацевска со порака која ќе ве насмее до солзи

Македонската фолк пејачка Андријана Ацевска денеска објави стори на својот Инстаграм профил со кое предизвика внимание кај јавноста.
Таа откри дека добила понуда за пријателство од профил кој се претставува како Душко Тошиќ, поранешниот сопруг на балканската ѕвезда Јелена Карлеуша.
Сепак, по кратка проверка, се испоставило дека станува збор за лажен профил, што ја поттикнало пејачката јавно да реагира и да го отвори прашањето за злоупотребата на социјалните мрежи.
Ова не е прв пат познати личности да се соочат со сличен проблем, а пејачката порача дека ваквите појави можат да предизвикаат сериозни недоразбирања и да нанесат штета на угледот и приватноста на јавните личности.
Со реакцијата на Ацевска повторно се актуализира прашањето за безбедноста на социјалните мрежи и потребата за поголема заштита од злоупотреби.
М.С.К