„Секогаш моја мала принцеза“: Нежна роденденска честитка од Џамбо Агушев за ќерката Мелинам

Ќерката на познатиот македонски трубач со интернационална кариера Џамбо Агушев, порасна.
Малата Мелинам наполни 5 годинки.
По повод роденденот Џамбо објави емотивна објава со неговата ќеркичка, фотографии направени од нивните заеднички моменти и напиша:
„Моја драга ќерко Мелинам, моја зелена трева, моментот кога ги држеше моите прсти со твоите ситни рачиња се во моите мисли како да беше вчера. Моја мала принцезо, иако полека растеш, секогаш ќе останеш во моето срце и очи како моја мала слатка ќерка. Среќен роденден, мило ми е што те имам, моја драга ќерко, моја љубов“, напиша Џамбо под објавата.
Инаку успешниот трубач со потекло од Струмица, со неговата прекрасна сопруга Асена во брак се 15 години, а како плод на нивната љубов се ќерките Севги и Мелинам и синот Мерт.
РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Принтскрин/ Инстаграм