„Секогаш насмеана“: Мијата со емотивна честитка за роденденот на нејзината мајка Драгица

Пејачката Мијата денеска јавно ѝ испрати роденденска честитка на својата мајка Драгица, споделувајќи фотографија која зрачи со љубов, топлина и благодарност. Во описот на објавата, пејачката напиша емотивна порака:
„Мајко наша, среќен ти роденден! Биди ни секогаш насмеана и задржи ја топлината што зрачи од твојата душа.“
Фотографијата на која е мајката на Мијата, освен што пренесува искрена семејна љубов, откри и нешто повеќе – дека пејачката очигледно ја наследила убавината токму од неа. Насмевката, погледот и елеганцијата се карактеристики што ги споделуваат и мајката и ќерката.
Врската меѓу мајка и ќерка е нешто што не се раскажува лесно – таа се чувствува, се пренесува без зборови, преку поглед, допир или еден едноставен бакнеж. За многумина, мајката е првата поддршка, првата публика, првиот глас што те охрабрува, но и најсилниот глас што ќе ти ја каже вистината кога сите други ќе молчат.
Токму таква врска, полна со почит и благодарност, оддава Мијата со секој јавно искажан збор за својата мајка – жена која, иако не е во фокусот на јавноста, очигледно има огромно значење зад нејзиниот личен и професионален пат.
РЖМ - Г.Д.ГФото: Фејсбук