Секси, шик и женствена: Ивана Јаковска со летни комбинации кои инспирираат

ТВ водителката Ивана Јаковска ова лето ја покажува својата разновидност и игра со стилови – од урбани комбинации до елегантни и женствени изданија.
Во фуксиja сет со топ и панталони изгледа модерно и смело, дополнето со металик сандали кои додаваат глам нота. На плажа пак, Ивана избира спортско-секси изглед со бикини и капа – совршено за активен ден на вода.
За свечени пригоди таа знае да заблеска – беж мини фустан и впечатливи златни обетки создаваат софистицирана, но сепак летна свежина. Во ноќниот излез во краток бордо фустан, пак, зрачи со сензуалност.
Дневните комбинации ѝ се игриви и разиграни – бел фустан и топ со цреши во ретро дух, или пак спортски сет со high-waist шорцеви и топ за модерна естетика. Секогаш додава детали – очила, накит или чантичка – кои ѝ го заокружуваат стајлингот.
Јаковска докажува дека летната мода не е само за одмор, туку и за експериментирање со бои, кроеви и енергија.
ФОТО: Инстаграм официјален профил Ивана Јанковска