Семејна магија на сцена: Лена на „Грдото пајче“, ја гледа мајка си за првпат во театар

Добивај вести на Viber

Ќерката на актерите Емра Куртишова и Петар Стојанов, малата Лена, за првпат присуствуваше на театарска претстава – и тоа токму во „Театарот за деца и младинци“, матичниот театар на нејзините родители.

Емра Куртишова, позната по улогата на Исаура во хумористичната серија „Преспав“, на социјалните мрежи сподели фотографија од емотивниот момент. На сликата, Емра и Лена се заедно зад сцената, а Емра е облечена во костим од претставата „Грдото пајче“.

Посебно трогателен беше крајот на претставата, кога Лена, со сјај во очите, ѝ упати прв аплауз на својата мајка, гордо плескајќи со рачињата.

Куртишова и Стојанов се венчаа во 2023 година, кога официјално го кажаа своето „да“ пред матичар. Истата година, во октомври, го добија своето прво дете – Лена, која веќе покажува љубов кон сцената и театарот.

Фото: Инстаграм
РЖМ - Г.Д.Г