Шеќерна ти калеша неверна – кому и каде запеа д-р Вело Марковски?

Навикнати сме да го гледаме во белиот мантил, со сериозен израз и медицински термини. Другата страна на својата личност д-р Вело Марковски ја покажува на едно место – сцената.
Во новото видео кое има околу 50.000 прегледи докторот е насмеан, опуштен и среќен и ја пее македонската народна песна „Бело лице љубам јас“. На гитара го следи ненадминливиот Петар Ренџов.
Настапот е полн со емоција, длабочина и спонтаност – токму она што ја прави музиката жива. Тие најавија нов дует, што ги зголеми очекувањата. Кому и каде запеа докторот, не е познато. Факт е дека снимките од вакви настапи се доказ дека музиката е лек, а гласот – начин да се каже сè што зборовите не можат.
Д-р Марковски е страствен љубител на музиката. Пред неколку години беше во план да запее во дует со својот пријател, популарниот пејач Ѓоко Ѓорчев,