Сличноста е неверојатна: Меган Маркл има две двојнички

Добивај вести на Viber

Секој во светот има двојник, според урбана легенда. Но, Меган Маркл се чини дека има две двојнички.

Една од нив е Акеиша Варнадо Ланд, инфлуенсерка од Канзас Сити, која премногу потсетува на поранешната војвотка Меган.

Таа вели дека  често ја споредуваат со Меган. „Не само преку Интернет. Кога сме, во црква, во кино, во продавница ... Дури и моите пријатели и семејство ми велат потсетувам и личам на неа! И, иако јас не гледам никаква сличност, секако го земам тоа како комплимент “, изјави таа за Дејли Меил.


Другата двојничка на Меган е Кристина од Њу Џерзи, таа сонува еден ден да ја глуми поранешната војвотка во филм. Кристина дури и го копира стилот на Меган.