Сопругот ја изневерил со сестра ѝ, па ја „турнал“ во кревет со жена: Дневникот на Фрида Кало открива морбидни детали за нејзиниот живот

Добивај вести на Viber

Фрида Кало е родена на 6 јули во 1907 година во Мексико. Таа е една од најважните мексикански сликарки на реализам, кубизам и надреализам кои ја одбележаа првата половина на 20 век. За нејзиниот имиџ и дело знаат и оние кои не се запознаени со ликовната уметност, а сега ви пренесуваме бизарни детали од животот на оваа ексцентрична уметница.

Уметничките дела на ексцентричната Фрида Кало доволно „врескаат“ за нејзиниот трагичен живот што секој посакува да дознае повеќе детали .



Веќе во раното детство, Фрида се соочила со тешка судбина заразувајќи се со детска парализа, што резултирало со трајни нарушувања на нозете и стапалата. Во 1922 година се запишала во најпрестижната образовна институција во Мексико, која токму тогаш почнала да прима девојчиња а токму таму во тоа училиште го запознала и својот иден сопруг.



Злобната судбина ја следела и кога на осумнаесет години доживеала незгода во која освен што се борела за живот, ги скршила ребрата, што подоцна се одразило на нејзината неплодност. Сето тоа оставило влијание врз нејзиниот живот, па освен што носела долги здолништа и фустани украсени со мексикански народни симболи за да го скрие хендикепот, таа својата тага почнала да ја пренесува и на платното за сликање.


Освен несреќните околности, во нејзината креативност големо влијание имал и нејзиниот сопруг Диего Ривера. Тој беше нејзината најголема поддршка, но и најголемиот нож во грб. Таа во една прилика изјавила:

„Преживеав две тешки несреќи во животот... првата беше трамвај што ме собори, а втората беше Диего“. Имено, Фрида со Диего ја прифатила комунистичката идеологија на која и останала верна до крајот на животот. Но, тој не и останал верен, а ќе се покаже понатму - ниту таа нему.

Фрида решила да му се одмазди на Диего за неговиот боемски живот со бројни жени. Таа ја продолжила неговата серија на измами и на тој начин нејзиниот љубовник, исто така пријател на нејзиниот сопруг, станал марксистичкиот револуционер Леон Троцки. Од друга страна, Диего влегол во афера со сестрата на Фрида, Кристина, што резултирало со развод. Фрида се впуштала и во врски со жени, а познато е дека била во врска со светски познатата танчерка, актерка и политичка икона Џозефин Бејкер.

Нејзината болка никогаш не престанала, а измаченото тело ја принудувало сè почесто да се одмора и да се осамува. Овие борби биле главната инспирација за нејзините надреални автопортрети.



„Автопортрет со ѓердан од трње“ е автопортрет кој ги претставува нејзините чувства, рационализација на работите и разводот од нејзиниот долгогодишен сопруг.

Во 1938 година ѝ била понудена можност да изложува во модерната галерија „Џулијан Леви“ во Њујорк, по што следувала изложба во Париз, каде нејзините дела биле забележани од Пабло Пикасо. Меѓу нив се раѓа блиско пријателство. Во знак на благодарност, Пикасо и подарил обетки кои Фрида ги носела постојано и секаде.

На покана на францускиот писател и поет Андре Бретон, таа заминала во Париз, каде што една нејзина слика ја купил самиот Лувр. Нејзиниот успех е уште поголем со фактот што нејзината слика било првото уметничко дело на мексикански уметник купено од Лувр во 20 век.



Дека не се вклопила во патријархалното мексиканско општество, можеби најдобро говори фактот што и покрај цела серија изложби низ светот, првата ја одржала во Мексико дури во 1953 година. Кога нејзиниот татко починал во 1941 година, Фрида почнала да паѓа во драстична психолошка депресија. Тоа се одразило на нејзиниот бизнис, а продажбата на нејзините слики исто така се намалила бидејќи не сакала да се прилагоди на желбите на своите клиенти. Во првата половина на 50-тите, нејзината и онака лоша здравствена состојба се влошила. Имено, поради гангрена морале да и ја ампутираат десната нога под коленото, поради што уште повеќе паднала во депресија.

Здравјето на Фрида продолжило да се влошува. Последен пат таа ги изложила своите дела во галеријата Лола Аварез, а на отворањето дошла со носилки. Брза помош ја донела на носилки, а потоа ја сместиле на средина на галеријата за да биде на отворањето. Таа почина во 1954 година, а официјалната причина беше емболија. Сепак, сѐ уште постои сомнеж за намерно или случајно самоубиство, со оглед на тоа што нејзините последни зборови во дневникот гласат: „Се надевам дека излезот е среќен - и се надевам дека нема да се вратам“.

Фрида Кало по сопствена желба била кремирана, а урната со пепел се наоѓа во Каса Азул, кој во 1958 година бил претворен во музеј посветен на оваа голема уметница.



Интересно е што целата нејзина облека била заклучена од нејзиниот сопруг Ривера по нејзината смрт. Таа гардероба била под клуч педесет години, додека конечно не ја здогледала светлината на денот во 2004 година.

Денес, нејзините слики се продаваат за повеќе пари од работата на која било друга жена уметница. Така, нејзиниот автопортрет „Константина“ е продаден во Њујорк за 34,9 милиони долари.


Фото: Инстаграм Screenshot